Комора на занаетчии - Битола |
|
|
Комората делува на подрачјето на регионот на Општина Битола и Општина Демир Хисар заради: - развој и унапредување на занаетчиството; - унапредување на стручните и деловните обичаи и норми; - подобрување на квалитетот на занаетчиските производи и услуги; - усогласување и унапредување на заедничките интереси; - остварување на законитоста во вршењето на стопанска дејност; - промоција на занаетчиството во земјата како и заштита и унапредување на дефицитарните занаетчиски дејности и старите занаети; - соработка на занаетчии и други стопанственици со слични облици на здружување во земјата и странство; - организирање на облици на стручно образование, преквалификација и доквалификација на занаетчиите и други лица; - заштита, спроведување и унапредување на деловните обичаи; - спречување на нелојална конкуренција; - организирање на настапи на саеми – панаѓури на занаетчиството и слични стопански манифестации во земјата и странство; - организирано и координирано користење на финансиска помош од домашни и странски извори наменети за развој и унапредување на стопанството и занаетчиството и други работи од интерес за развој и унапредување на занаетчиството и стопанството согласно со постоечките позитивни законски прописи. Комората врши јавни овластувања утврдени со закон. Јавни овластувања што ги врши комората се: - издавање на решенија за вршење на занаетчиска дејност; - издавање на сертификати за положен стручен испит за стручна оспособеност; - издавање на сертификати за положен мајсторски испит за стекнување со звање мајстор; - формирање на центри за обука, преквалификација и доквалификација на занаетчии и други лица; - врши и други јавни овластувања во согласност со Закон. Комората ги претставува вршителите на стопанско - занаетчиска дејност и другите стопански субјекти - членки на комората пред органите на власта на републиката и во локалните самоуправни единици како и надвор од државата со цел: - рамномерен развој и унапредување на стопанството - занаетчиството во Р. Македонија, особено на старите и дефицитарни занаети; - за промоција во земјата и странство за можностите и спецификите на стопанството - занаетчиството во Р. Македонија; - организирање на облиците на стручно образование, преквалификација и доквалификација на вршителите на занаетчиската дејност; - за заштита, спроведување и унапредување на добрите деловни обичаи; - спречување на нелојалната конкуренција меѓу вршителите на стопанско – занаетчиска дејност; - за развивање и одржување на единствен информативен систем кој ќе дава деловни и други информации потребни за стопанството - занаетчиството; - и за други прашања во согласност со Закон.
|